Хасани Гравет кој минатата сезона беше меѓу најдобрите поединци во македонското првенство играјќи за МЗТ Скопје, сега првпат заигра во НБА лигата. Орландо Меџик ова лето го доведе Американецот, ама тој настапуваше во развојниот тим. Сепак, поради бројните проблеми со коронавирусот и повредите, клубот им даде десетдневни договори на неколку играчи од резервниот тим, меѓу кои е и Гравет.

Поранешниот играч на МЗТ ноќеска дебитираше во најсилната кошаркарска лига на светот. Гравет беше резервист, ама одигра околу 24 минути за Орландо во поразот од Мајами Хит. За тоа време уфрли две тројки, подели три асистенции и фати две топки под обрачите.

Двете тројки на Гравет против Мајами Хит:

Хасани Гравет со одличните партии во МЗТ Скопје дојде до летната НБА лига, па беше прекомандувам во младиот тим на Меџик во Џи-лигата. Сега кошаркарот се надева дека ќе се покаже во овие десетина дена, со надеж дека и во иднина ќе заигра за првиот тим. Гравет има шанса да настапи на уште пет натпревари за Орландо.