Сите клетки во човечкото тело содржат железо и најголем дел од железото во телото е во нашите црвени крвни зрнца. Црвените крвни зрнца транспортираат кислород од белите дробови до органите и ткивата низ телото.

Овој минерал од групата елементи во трагови на телото му е потребен во многу мали количини. Но, организмот не е способен сам да го создаде, туку се внесува исклучиво преку храната.

Ако нашето тело нема доволно хемоглобин, нашите ткива и мускули нема да добијат доволно кислород за да можат ефикасно да работат, што доведува до состојба наречена анемија.

Постојат различни видови на анемија, но анемијата со дефицит на железо е најчеста во светот.

Еве неколку симптоми кои може да укажуваат на недостаток на железо во вашето тело:

Постојано сте уморни
Краток здив