Многу познати ѕвезди се во директен контакт со кралското семејство

Сите тие се всушност роднини, некои далечни, а некои многу светли …

Еве кој е:

Кралицата Елизабета Втора и Џон Деп

Еден од овие двајца е при крај на многу долга кариера, има комплицирани семејни односи, а особено сака пастелни нијанси. Но, доста за Џони Деп (50). Кралицата Елизабета Втора (87) и популарниот актер не личат на ништо, но навистина делат иста крв. Сепак, нивното сродство е многу далеку и датира од Едвард III, кој починал во 1377 година. Тоа сродство е многу комплицирано и долго, но докажува дека Едвард Трети и Едвард Маказоруки се поврзани.

Војвотката Камила и Мадона

Овие две русокоси потекнуваат од исто семејство, кое било едно од најмоќните во Канада во 17 век. Тие двајца, освен бојата на косата и генот, немаат многу заедничко. Камила (66) ужива во зрелите години и живее мирен живот. Од друга страна, Мадона (55) не може да се помири со тоа колку години има, па секогаш покрај себе има многу помлад маж. Инаку, истражувачите кои ја откриле оваа врска, откриле и дека и пејачката Селин Дион е потомок на ова богато семејство.

Кејт Мидлтон и Гај Ричи

Војвотката од Кембриџ и познатиот режисер се поврзани преку заеднички братучед од 18 век. Гај (45) присуствуваше на кралската венчавка во 2011 година, но не поради семејните врски, туку поради пријателството со принцот Вилијам.

Џејк Гиленхал и кралицата Елизабета

Џејк Гиленхал потекнува од Едвард III, кој владеел со Англија од 1327-1377 година. Ова го прави 19-ти братучед на кралицата Елизабета Втора.

Лора Дерн и кралицата Елизабета

Оскаровката Лора Дерн потекнува од кралот Едвард Трети, што ја прави роднина на кралицата Елизабета.