Новинарката на „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех (51), утрово била убиена додека известувала за израелски напад во областа Џенин на Западниот Брег, пренесе „Ал Џезира“.

Advertisements

Како што е наведено, Ширин Абу Аклех, позната палестинска новинарка, била погодена со куршум во главата и набргу потоа починала, а нејзината смрт е потврдена и од арапскиот канал на „Ал Џезира“ и од палестинското Министерство за здравство.

Уште еден палестински новинар кој работел за „Ал Кудс“ со седиште во Ерусалим е ранет, но е во стабилна состојба.

Во меѓувреме, во соопштението од медиумската мрежа „Ал Џезира“ го осуди убиството на новинарката кое ги крши меѓународните закони и норми и ја нарече смртта на Абу Аклех како грозоморно злосторство, преку кое има за цел да ги спречи медиумите да ја исполнат својата задача.

„Ние ги сметаме израелската влада и окупаторските сили одговорни за убиството на покојната колешка Ширин“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе