Лос Анџелес Клиперс пред два дена ја совлада Атланта Хокс со 106-93 во меч во кој играч на натпреварот беше Амир Кофи со 21 поен, 5 скока и 3 асистенции.

По средбата Кофи имаше мини интервју со атрактивната Кристина Пинк која одблизу ги следи сите случувања кога е во прашање Клиперс. Интервјуто мина како што треба за да потоа Пинк се лизне и падна на паркетот.

Ова се случи затоа што претходно соиграчите го истушираа Кофи, па на теренот беше лизгаво што придонесе Кристина да има тежок пад, ама за среќа се е ред со новинарката.