Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сепак ќе настапи на турнирот во Мелбурн, и ќе атакува на јубилејната десетта круна од Австралија Опен.

Популарниот Ноле потврди дека ќе игра на турнирот на кој има освоено најголем број на Грен слем пехари дури девет.Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на овој турнир.

Лидерот на АТП листата на најдобри тенисери на светот на социјалните мрежи пред патот за Австралија напиша:

Среќна Нова година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Уживав да бидам со моето семејство и драги луѓе, направив пауза по многу долгата и успешна сезона 2021. Сега се селам во Австралија бидејќи добив изземање и подготвен сум да живеам и да дишам тенис во следните неколку недели. Ви благодариме на сите за поддршката! Идемеееее порача Ѓоковиќ на Инстаграм.