Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската војска ќе ја задржи безбедносната контрола над Појасот Газа долго по завршувањето на војната против Хамас.

Според Нетанјаху, Газа ќе мора да остане демилитаризирана и дека единственото тело способно да го обезбеди тоа ќе биде израелската војска, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Газа мора да се демилитаризира. А за да може Газа да се демилитаризира, постои само една сила која може да ја обезбеди оваа демилитаризација – а таа сила се израелските одбранбени сили“, рече Нетанјаху.

Говорејќи за време на заедничката прес-конференција со министерот за одбрана Јоав Галант и министерот Бени Ганц, Нетанјаху рече дека досегашното искуство покажало дека меѓународните сили биле неефикасни во демилитаризацијата на областите со сили непријателски настроени кон Израел и дека тој нема да прифати таков аранжман во Газа.

„Видовме што се случи на други места каде што донесоа меѓународни сили за демилитаризација. И не сум подготвен да ги затворам очите и да прифатам каков било друг аранжман“, додава Нетанјаху.

Прикажи повеќе