2022 година е пред нас, ако размислувате на брак, ви ги носиме најповолните датуми за венчавка според нумеролозите и астролозите.

СПОРЕД НУМЕРОЛОЗИТЕ

Еден од свадбените трендови во последните години е „ловење“ на среќни датуми за свадба. Среќната седумка на 07.07.07 доживеа вистински „свадбен бум“.

Датумот со три осмици пак, кој ја симболизира бесконечноста, речиси се приближи до таков рекорд. Во 2019 година, невестите и младоженците избираат датуми „огледало“ како на пример, 19.09.19.

Нумеролозите тврдат дека датумот на вашиот среќен брак може да се пресмета. За да го направите ова, едноставно пресметајте го бројот, месецот и годината на раѓање на идните сопружници.

Да речеме дека роденденот на невестата е на 10.07.1992 година, а младоженецот е роден на 21.09.1988 година.

Сметаме:

Невеста: 1 + 0 + 0 + 7 + 1 + 9 + 9 + 2 = 27 = 2 + 7 = 9

Младоженец: 2 + 1 + 0 + 9 + 1 + 9 + 8 + 8 = 38 = 3 + 8 = 11 = 1 + 1 = 2

Сега соберете ги овие два броја: 9 + 2 = 11

Излегува дека овој пар е подобро да се венчаат на единаесетти.