Тунелот „Алптранзит Готард“ во Швајцарија, најдолгиот во светот, ќе биде затворен неколку месеци, соопштија официјални претставници, откако минатата недела 16 швајцарски товарни вагони излетаа од шините и уништија осум километри пруга.
Патниците кои го користат возот за да патуваат меѓу северниот дел на Швајцарија и нејзиниот најјужен дел ќе мора да бараат алтернативен превоз, пишува лондонски Гардијан.
Шеснаесет вагони кои излетаа од шините во тунелот „Алптранзит Готард“ долг 57 километри се уште се заглавени во тунелот, нема повредени, но причинета е голема штета, соопшти Швајцарската железница.