– Началникот на Генералштабот на армијата на Иран, Мохамад Багери нареди денеска истрага за причините за хеликоптерската несреќа во која загинаа претседателот Ебрахим Раиси и неговата придружба.
Багери му нареди на „Високиот комитет да започне истрага за причините за падот на хеликоптерот на претседателот“ што се случи вчера, јавија иранските медиуми.