Италијанскиот фудбалски клуб Наполи ќе игра со специјални дресови во чест на легендарниот Диего Армандо Марадона кој остави голема трага во клубот од Неапол.

Се работи за дресови со кои ќе биде ликот на славниот Аргентинец со што ќе биде одбележана годишницата од трагичната смрт на еден од најголемите фудбалски виртуози на сите времиња. Дресот е направен од Емпорио Армани и истиот има име „Maradona Game“.

Елиф Елмас и неговите соиграчи ќе ги носат на три натпревари во Серија А и тоа против Верона, Интер и Лацио. Воедно истите ќе бидет достапни во три различни бои и во само по 1926 примероци за секој, бројка која го означува основањето на годината на клубот.

Дел од средствата кои ќе се заработат ќе бидат донирани во хуманитарни цели.