Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е застрелан околу 11:30 часот по локално време во Нара, источно од Осака, додека држел говор за изборната кампања на улица. Истрелани биле два куршума, а Абе има прострелна рана на десната страна на вратот, соопшти Агенцијата за управување со пожари и катастрофи на Министерството за внатрешни работи и комуникации во Токио. Во болница бил пренесен прво со возило на итна помош, а потоа со медицински хеликоптер.
Advertisements
По инцидентот, полицијата го уапсила Тецуја Јамагами, жител на Нара во неговите 40-ти години. ТВ НХК објави дека мажот не се обидел да побегне и е задржан на распит во полициска станица. Се чини дека користел рачно изработен пиштол.
Поранешниот лидер сега е во критична состојба, a лекарите се борат да му го спасат животот, изјави премиерот Фумио Кишида на прес-конференција.
Според НХК, тој бил свесен и реагирал додека го носеле во болница.