Францускиoт ракометен тим Нант денеска го потврди четвртото засилување за следната сезона, а овој пат се работи за десната бековска позиција.

Нант ќе биде сериозно ослабен по заминувањето на македонскиот капитен и селектор, Кирил Лазаров, кој веќе најави дека ја игра последната сезона, а неговиот наследник ќе биде Шпанец.

Се работи за поранешниот член на Вардар, Хорхе Македа, кој сезонава е член на Веспрем, клуб со кој не успеа да стигне до нова европска клупска титула.

Македа ќе треба да го покрие отсуството на Лазаров, додека Нант ќе мора да се адаптира на големиот број промени, вклучувајќи го и потврденото заминување на актуелниот тренер Алберто Ентрериос.