Мигрантите кои се заглавени на границата меѓу Белорусија и Полска, на белоруска страна и во текот на ноќта се обиделе да ја преминат границата, но во помал број и помали групи, соопшти денеска полските власти. Претходно Белорусија расчисти дел кампови каде што луѓето се собраа на ниски температури, а стотици мигранти беа вратени назад во Ирак.
Развојот на настаните сигнализира смирување на кризата источната граница на Европската унија, но спорот сè уште не е решен бидејќи ЕУ го отфрли предлогот на Минск да прими 2.000 мигранти.
ЕУ го обвинува белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко дека летал го оркестрирал носењето на мигранти до границите на земјите-членки Полска, Летонија и Литванија за да се одмазди за санкциите што Унијата ги воведе поради сеопфатните репресии по минатогодишните спорни претседателски избори.