Меѓународните медиуми се преплавени со бомбастични наслови уште од раните утрински часови. „Си-Ен-Ен го започна маратонот на вести со наслов „Русија ја нападна Украина“, додека „Њујорк тајмс“ пишува дека Русија ја напаѓа Украина од копно, небо и море. Би-Би-Си известува за санкциите и стравувањата од ескалација на конфликтот и оти повеќе нема безбедно засолниште во Украина.

„Вашингтон тајмс“ пишува за меѓународниот план на светските сили за зајакнување на санкциите против Русија. „Раша тудеј“ пак, јави за напад на украинската војска врз руски цивилен брод, додека белоруските медиуми известија дека претседателот Лукашенко игра конструктивна улога во смирувањето на крвопролевањето меѓу Русија и Украина.

Прикажи повеќе