Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ мора да повлече повеќе од 100.000 дизел-возила во Германија, поради наводи за неправилности во управувањето со испуштањето издувни гасови, соопшти Германската транспортна управа (КБА) којашто издаде известување за повлекување. Се очекува тоа да опфати околу 100.000 возила.
Повлекувањето се однесува на различни дизел-модели „Еуро 5“ и „Еуро 6-б“ каде што е потребно ажурирање на софтверот.
Причината за повлекувањето е употребата на тн. термо-прозорци, што беа во стандардна употреба и од други производители. Според наводите, употребата на термички прозорци го штити моторот.
Но, Европскиот суд на правдата (ЕСП) во 2022 година пресуди дека термичките прозорци се легални само ако нема друго решение. Судската одлука утврди дека софтверот што овозможува повисоки емисии на загадувачки материи „поголем дел од годината“ е фундаментално нелегален.
Откако проблемот излезе на виделина, „Мерцедес“ исто така неколкупати е повикан на суд. Во Германија до денес повеќе од 30.000 потрошувачи поднеле тужби. И инвеститорите своите права ги бараат на суд, барајќи стотици милиони евра компензација за загубите.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.