Дефинитивно не постои единствен и правилен начин за воспитување деца. Иако е така, многу родители често се мета на осуда поради нивните методи на воспитување, начинот на кој комуницираат со своите деца, поради тоа што на нивните деца им дозволуваат, а што не.

Така е и кога се работи за избор на подароци за празниците. Една мајка, инаку инфлуенсерка, се нашла на мета на критики од нејзините придружници, бидејќи за Божиќ му купила Барби на својот шестгодишен син.

Со оглед на тоа што целосно ги заобиколила родовите стереотипи при изборот на подароци, на синот не му купувала играчки кои се резервирани само за момчиња, како автомобили, роботи или имитации на тешка машинерија, па предизвикала бурни реакции кај луѓето на социјалните мрежи.

Кејтлин купи Барби за нејзиниот син.

– Моето дете ќе го добие на подарок она што го прави среќен, а не она што околината мисли дека е соодветно – беше експлицитна оваа мајка.

Таа во кратко видео покажува како пакува подарок и вели дека кога некој ќе ја критикува за нејзиниот избор, таа само слуша: „Бла, бла, бла“. Таа со својата реакција покажа што мисли за критиките, а клипот е прегледан повеќе од 580.000 пати. Многумина го поддржаа овој потег, па своите искуства ги споделија во коментари.

– Децата треба да си играат со играчки кои ги прават среќни, ќерка ми обожава автомобили – напишала една мајка.

– Мојот син сака играчки еднорози и ги дели со своите сестри. Кога случајно бевме во една од продавниците, тој бараше друга, а човекот што беше таму рече дека треба да избере играчка „за момчиња“ – напишала друга и додала дека на синот му купила еднорози во сите бои. .

Ова не е прв пат Кејтлин да биде мета на критики за нејзините методи на воспитување, нешто порано оваа година беше осудена од многумина затоа што го однела синот во салон да му ги лакираат ноктите.