Како што пренесува Јутарњи лист, мажот, поранешен бранител, влегол во домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.
Пет лица се убиени на лице место, а на некои од повредените сè уште им се пружа лекарска помош. Убиецот по крвавиот пир заминал, но полицијата набрзо го уапсила во кафуле во близина на домот.
Низ градот Дарувар ечат сирените на сите можни итни служби, наведува Јутарњи.