Лаури Марканен од Јута Џез ја доби наградата “кошаркар кој најмногу напредувал за сезоната 2022/2023”.
Финскиот кошаркар одличните партии од Евробаскетот ги пренесе во регуларниот дел од сезоната во НБА и во новиот тим Јута, по трејдот од Кливленд. За клубот од Солт Лејк Сити имаше просек од 25,6 поени и 8,6 скока наспроти 14,8 поени и 5,7 скока во претходната сезона. Марканен прв пат во кариерата играше на Ол-стар натпреварот.
„Џезерите“ на стартот од сезоната важеа за најпријатното изненадување во лигата, сепак не успеаја да влезат во плеј-офот. Сезоната Јута ја заврши на 11. место во Западната конференција./Makfax/