Македонската кошарка денеска остана без уште едно познато име.

Кошаркарската федерација информира дека почина Сашо Лазаров (1968-2021), човекот кој беше синоним за кошаркарскиот спорт во Кочани.

-Долги години „Чапо“ беше дел од екипата на Кочани Деликатес, од најславните денови на клубот од Кочани кој беше на врвот на македонската кошарка. Смртта го затекна Сашо Лазаров како основач и предводник на КК „Дино Баскет“, клубот кој во иднина ќе го води токму неговиот наследник – Дино, објави КФСМ.

Вечна му слава!