Фудбалската репрезентација ги започна подготовките за третото издание на Лигата на нациите. Но, почетокот нема да биде лесен, бидејќи селекторот Благоја Милевски се соочува со многу отсутни играчи. Повреден е Стефан Ристовски, а од јунскиот елиминациски циклус беа ослободени Ракип Ердал, Аријан Адеми и Едис Јаховиќ.

Во истата улога повторно ќе биде Енис Барди, кој беше капитен во ноември против Ерменија, а Милевски потврди дека нема да повика дополнителни играчи за овој циклус натпреварувања. Главна цел, според Милевски е прво место во групата кое носи бараж за ЕУРО 2024 во Германија, пласман во третиот шешир  за октомвриската жрепка од европските квалификации, но и премин во дивизијата Б.

Милевски истакна дека улогата на фаворит ја има Бугарија, но напомена дека на резултатите може да влијае и маршрутата на патувањето од Бугарија до Гибралтар, бидејќи треба да се оди од Варна до Малага, а потоа со автобус за Гибралтар.

Прикажи повеќе