Истражувањата покажаа дека луѓето стануваат возрасни дури во нивните 30-ти години. Според невролозите, дури и да имате 18 години, не сте возрасни бидејќи мозокот сè уште претрпува значителни промени. Професорот Питер Џонс од Универзитетот „Кембриџ“ изјавил дека преминот од детството во зрелоста е многу понијансиран отколку што мислиме.
– Она што сакаме да го кажеме е дека да се има дефиниција, кога се оди од детството во зрелоста, е апсурдно. Тоа е многу поизразена транзиција што се одвива во текот на три децении – објаснил тој.
Џонс и неговите колеги користеле магнетна резонанса за да го разгледаат мозокот на 297 доброволци на возраст од 14 до 24 години. Тие откриле дека мозокот сè уште се формира по 18-годишна возраст, што значи дека влијае врз однесувањето и ја зголемува веројатноста за развој на нарушувања на менталното здравје. Тој посочил дека сметањето на тинејџерите за „возрасни“ е соодветно само од социјални причини.
– Претпоставувам дека образовниот, здравствениот и правниот систем си олеснуваат со поставувањето на дефиницијата, искусни судии за кривични дела ја препознаваат разликата помеѓу 19-годишен обвинет и повторно обвинет во 30-тите години – вели Џонс.
Докторот Џеј Гид, шеф на детската психијатрија во детската болница во САД, дополнил дека развојот на префронталниот кортекс, делот од мозокот одговорен за социјалните интеракции, регулацијата на емоциите, контролата на импулсивното однесување и процена на ризик, не завршува на возраст од 18 години. Тој вели дека се потребни речиси 25 години за развој на овој дел.
Извор: Idesh