Земјите-членки на ЕУ имаат рок до крајот на 2023 година да го дефинираат видот на механизмот за проширување што би функционирал за земјите коишто сакаат да се приклучат на ЕУ, истовремено обезбедувајќи дека ЕУ останува верна на себе, изјави француската министерка за ЕУ, ​​Лоренс Бун.

Во саботното интервју за Еурактив, таа посочи дека идејата за „диференциран“ пристапен процес значи дека земјите-кандидати за членство треба „брзо да се закотват“ во ЕУ.

По неколку години сметање на стратегијата за проширување на ЕУ за неактивна, руската инвазија на Украина и промената на сегашниот геополитички пејзаж доведоа до сознание дека стратешкиот интерес на ЕУ за стабилна и безбедна средина во нејзиното непосредно соседство мора да оди подалеку од тоа кој ќе биде следен член, пишува Танјуг.

Прикажи повеќе