Македонската фудбалска репрезентација ги дозна противниците за третото издание на УЕФА Лигата на нации. Нашиот национален тим ќе игра во Група 4 од Лига Ц заедно со Бугарија , Грузија и Гибралтар.

Сите шест меча ќе ги одиграме во јуни и септември наредната година. Првиот меч ќе биде на гости кај бугарската репрезентација,

Распоред на натпревари за УЕФА Лигата на нации:

  • 2 јуни 2022. Бугарија – Македонија (20:45)
  • 5 јуни 2022. Гибралтар – Македонија (18:00)
  • 9 јуни 2022. Македонија – Грузија (20:45)
  • 12 јуни 2022. Македонија – Гибралтар (18:00)
  • 23 септември 2022. Грузија – Македонија (18:00)
  • 26 септември 2022. Македонија – Бугарија (20:45)

Победниците на групите во Лигите Б,Ц и Д ќе бидат промовирани за натпреварувањето во 2024/25 година.