Египетскиот фудбалер Мохамед Салах продолжува со одличните партии во дресот на Ливерпул и моментално е најдобриот играч на тимот од Енфилд.

Управата на Ливерпул е подготвена да го прифати барањето на Салах од половина милион евра неделна плата.

Бидејќи следната сезона ќе влезат во ризик да го загубат бесплатно или за мала отштета, челниците му понудиле 400.000 фунти неделна плата. Тоа би биле примања од околу 21 милион евра годишно, што ќе биде и повеќе од задоволително.

Салах оваа сезона ја започна фуриозно, на 11 натпревари постигна 12 гола и запиша четири асистенции.