Шпанскиот весник „АС“, пишува дека Роберт Левандовски сака да ја промени средината, да го напушти Баерн Минхен и да се пресели во Реал Мадрид.

Левандовски ќе побара од Баерн Минхен да замине следното лето. Полскиот напаѓач сака да проба нешто ново пред крајот на кариерата.

Тој следното лето ќе биде на сезона до крај на договорот со Баерн Минхен, па доколку Баварците сакаат да заработат од неговото заминување ќе мора да го продадат.

Наводно прва желба на Левандовски е трансфер во Реал Мадрид, но за тоа може да има еден проблем.

Доколку кралскиот клуб го договори Килијан Мбапе, не би имало место и за Левандовски во тимот.

Реал Мадрид приоритет би дал на засилувања во другите линии, пред се дефанзивата.