Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека земјата од следниот месец ги прекинува сите дипломатски односи со НАТО, пренесе АП.
Advertisements
Како што се наведува, таквиот чекор е реакција на протерувањето на осум Руси поради шпионажа.
„Како резултат на намерните потези на НАТО, ние практично немаме услови за елементарна дипломатска работа и како одговор на дејствијата на НАТО ја прекинуваме работата на нашата постојана мисија во НАТО, вклучително и работата на главниот воен претставник, најверојатно од 1 ноември. Или може да потрае уште неколку дена“, рече Лавров.