Односите Русија-НАТО не можат да се наречат катастрофални бидејќи тие и не постојат, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по синоќешните разговори со норвешката колешка, Аникен Хуитфелд, пренесе агенцијата ТАСС.
„Односите меѓу Русија и НАТО не можат да се наречат катастрофални бидејќи само она што навистина постои може да се нарече катастрофално“, рече тој. „Не немаме односи со НАТО“, додал Лавров.
На 6 октомври НАТО најави намалување на руската мисија од 20 на 10 лица и ја укина акредитацијата на осум дипломати. Укинати се уште две отворени работни места. Алијансата соопшти дека руските дипломати треба да го напуштат Брисел пред крајот на овој месец.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 18 октомври изјави дека Русија од 1 ноември ја суспендира постојаната мисија во НАТО.