Италијанскиот фудбалски вицешампион Милан ја продолжи соработката со еден од најважните играчи во одбраната Симон Кјаер.

Данецот пристигна во Милано во јануари 2020 година и веднаш се наметна со своите настапи, посветеност и денеска дефанзивната на „росонерите“ не е иста без него.

Двете страни беа задоволни, па според новиот договор Кјаер ќе остане на „Сан Сиро“ до јуни 2024 година.

Кјаер досега има одиграно 66 мечеви за калчолигашот и дадено еден гол.