Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс се враќа во тимот по двата негативни теста на корона вирусот.

– Џејмс беше ставен на списокот на играчи со посебен протокол по низата тестови кои дадоа различни резултати, а сето тоа по позитивниот тест што го имаше на 29 ноември. Сепак, натамошните тестови покажаа дека тој не е меѓу позитивните случаи – се наведува во соопштението на НБА.

Џејмс го пропушти гостувањето во Сакраменто поради корона протоколите, а во тимот ќе се врати на градското дерби против Лос Анџелес Клиперс.

Оваа сезона има просек од 25,8 поени, 6,8 асистенции и 5,2 скока по натпревар.