Eвропската перспектива, дијалогот, заштитата на правата, беше тема на разговор за инклузивен пристап кон зајакнување на кохезивното општество што се одржа во рамките на Форумот на националните малцинства (заедници) на Украина.
Олександр Корнијенко, прв заменик-претседател на Врховната Рада на Украина во рамките на форумот кажа дека во текот на изминатите две години, украинското општество направи фантастични чекори кон зголемување на толеранцијата и инклузивноста.
„Ова го покажуваат последните анкети. Во однос на претходните, растот е многу забележлив. Конкретно се осврнавме на законски иницијативи за заштита на правата на националните малцинства (заедници) во нашата земја“, Корнијенко.
Корнијенко вели дека релевантниот нацрт-закон беше изгласан од Врховната Рада и Владата сега активно ги презема следните чекори за спроведување на одредбите – се надевам дека наскоро ќе преминеме во следната фаза, имено парламентарна контрола.
Н. А.