Еве колку често треба да ја миете косата ако тренирате, ако имате густа или тенка коса…

Ако ја миете косата премногу често, таа ќе стане наелектризирана, сува и малку што ќе можете да направите за да ја „смирите“.

Фризерот Барни Мартин открива колку често треба да ја миете косата во однос на типот на кожата и косата и објаснува зошто никој не треба да ја мие косата секој ден.

Мрсна коса

Ако имате мрсна кожа, Барни препорачува да ја миете косата секој втор ден, а во деновите кога не ја миете, едноставно измијте ја со вода, исушете ја и нанесете шампон за суво миење на косата. Со секојдневното миење на косата се измиваат природните масла, што не е добро решение.

Густа, кадрава коса

Ако вашата коса е густа, виткана или брановидна, треба да ја миете секој трет ден. Фризерот предупредува дека ваквата коса дехидрира со секојдневно миење.

Наместо тоа, предлага да се мие со шампон секој трет ден и да се користи регенератор за да се спречи исушување.

Тенка и сува коса

Ако не ја миете доволно често тенката коса, таа ќе стане леплива. Повторно, во овој случај, во ред е да се мие секој втор ден.

Во оние денови „помеѓу“, кога не ја миете, фризерот ве советува само да ја измиете со вода, за да се ослободите од вишокот маснотии – значи, без шампон.

Ако тренирате

Дури и ако вежбате, не е паметно да ја миете косата секој ден, туку секој втор ден. Во деновите „помеѓу“, без разлика дали тренирате тој ден или не, се препорачува само да ја измиете косата со вода и да нанесете малку сув шампон по сушењето.

Исклучок се само капачите, бидејќи фризерот вели дека е многу важно да го измиете хлорот од косата што е можно поскоро по капењето. Тој ги советува да користат некој од шампоните за полесно чешлање на косата, а задолжително да користат и маска за коса.