Германија денеска регистрира нов рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус, со 294 931 нови случаи на инфекција, пренесува Гардијан.

Advertisements

На 10 март во Германија првпат беше надмината бројката од 250 000 новозаразени.

Седумдневната инциденца, според Институтот „Роберт Кох“, достигнала 1 651,4, што е исто така рекорд.

Во изминатите три дена Германија постави рекорд по бројот на новозаразени на 100 000 лица. Во последните 24 часа починале 278 лица заразени со коронавирус.

Откако во Германија беа укинати најголем дел од ограничувањата, бројката на новозаразени нагло почна да расте.

Од 20 март е најавено укинување на речиси сите епидемиолошки мерки и ќе се префрли на правилото „хот спот“, што ќе им даде можност на покраините да дејствуваат во случај на потреба.

Прикажи повеќе