Кинеските регулаторни тела предлагаат воведување нови правила со кои на лицата помлади од 18 години ќе им се ограничи времето на користење мобилни телефони на максимум два часа дневно.
Ваквиот радикален нацрт-закон што го претстави Кинеската управа за сајбер простор, а целта на власта е да ја сузбие и спречи зависноста на децата од апликациите и паметните телефони.
Пред две години, Кина воведе правило со кое им забрани на тинејџерите (помладите од 18 години) да играат онлајн игри повеќе од три часа дневно.
Нацрт-законот, како што пишува „Ен-би-си њуз“, предвидува мобилните телефони да поседуваат „посебен режим“ за помладите од 18 години кој треба да биде лесно достапен на уредот за да може да се активира. Преку тој режим ќе им се овозможи на родителите да управуваат со она што го гледаат нивните деца, а на давателите на интернет услуги ќе им даде опција да прикажуваат содржина врз основа на возраста на корисникот. На пример, децата меѓу 12 и 16 години, ќе може да бидат изложени на едукативни содржини.