Сите објекти се уништени, а цивилите се заробени под урнатините.Украинските војници кои останаа во челичарницата Азовстал, последниот дел од Мариупол кој не е под контрола на Москва, предупредуваат дека ситуацијата е екстремно тешка. Пружаат отпор, но Русија не престанува со нападите, користејќи специјално дизајнирани бомби за уништување на бункери
Advertisements
„Се додека сме ние тука, Мариупол ќе остане под контрола на Украина. Во изминативе неколку дена Русија имаше обиди да ги заземе нашите позиции. Имаат поддршка од воени бродови а користат и бомби за да уништат бункерите. Има многу повредени и починати. Некои цивили се заробени под урнатите згради“ – рече Свјатослав Паламар, припадник на единицата Азов.
Од официјална Москва велат дека се спремнии да ги запрат нападите и да им овозможат на борците во челиларницата Азовстал да ја напуштат фабриката заедно со цивилите кои се уште се заглавени таму, но само под услов украинските војници се предадат.
„Русија е подготвена во секој момент да воведе прекин на огнот и да прогласи хуманитарна пауза за евакуација на цивилното население“ – велат од Министерството за одбрана на Русија.
Во меѓувреме, градоначалникот на Мариупол, побара итна евакуација за жителите на градот чија судбина останува неизвесна откако во изминативе денови пропаднаа неколку обиди за отворање на хуманитарни коридори. Американска компанија пак објави сателитски снимки од близината на Мариупол на кој тврдат дека има голема масовна гробница.
„Потребно ни е само едно нешто, целосна евакуација на населението. Околу 100 илјади лица се уште се во Мариупол“ – вели Вадим Бојченко – градоначалник на Мариупол.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски тврди дека војниците се уште пружаат отпор во Мариупол, и покрај тврдењето на Кремљ дека по речиси два месеци интензивни напади, ја презеле контролата врз приспанишниот град на Азовското море. Зеленски и испрати порака на Москва дека само привремено има контрола над деловите кои ги освои на истокот на земјата и дека украинските војници наскоро повторно ќе ги обезбедуваат границите на државата.
„Тие акумулираат сили, принудуваат нови баталјонски тактички групи на нашата земја. Се обидуваат да иницираат таканаречена мобилизација во окупираните региони на Украина.. Ниту еден од овие чекори нема да и помогне на Русија во војната против нашата држава. Можат само да го одложат неизбежното – времето кога окупаторите ќе треба да ја напуштат нашата територија“ – вели Володимир Зеленски – претседател на Украина.
Од Министерството за одбрана на Русија потврдуваат дека целта на вториод дел од како што ја нарекуваат специјалната операција, е да го поврзат Донбас со Крим, кој го анектираа во 2014 година.
„Од почетокот на втората фаза на специјалната операција, една од целите на руската армија беше воспоставување целосна контрола над Донбас и јужна Украина“ – вели генерал Рустам Минекаев.
Проценките на Светска банка пак покажуваат дека неколку месеци откако почна инвазијата врз Украина, штетите кои ги предизвика војната веќе достигнале околу 60 милијарди долари а првиот човек на организацијата предупредува и дека оваа сума ќе продолжи да расте како што војната напредува.