Кенискиот атлетичар Еванс Чебет и неговата сонародничка Хелен Обири се победници на маратонот во Бостон. Чебет втора година по ред е најбрз во Бостон, а новиот триумф го постигна со време од 02:05.54 часа. Ова е исто така првпат од 2008 година некој да забележи втора последователна победа. Последен пат тоа го направи Кениецот Роберт Кипкоеч Чериот.

Advertisements

Второто место на денешната трка го зазеде Габриел Геј од Танзанија (02:06.06 часа), а трет заврши Кениецот Бенсон Кипруто (02:06.07 часа).

Кениецот Елиуд Кипчоге, двократен последователен олимписки шампион и светски рекордер во маратон, своето прво учество во Бостон го заврши на шестото место.

Во женска конкуренција победи актуелната олимписка вицешампионка, Хелен Обири. Трката во Бостон ја заврши за 02:21.38 часа, а второто место ѝ припадна на натпреварувачката од Етиопија Амана Берисо (2:21.50). На подиумот се искачи и Израелката Лона Салпетер (2:21.57).

Прикажи повеќе