Три авганистански провинции се погодени од разорни поројни поплави бидејќи новиот бран водени стихии се заканува во северниот дел на земјата, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека загинале најмалку 153 лица, пишува Ројтерс.
Провинцијата Баглан е најтешко погодена. Официјалните лица се обидуваат да го утврдат точниот број на жртви, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека има најмалку 153 загинати, а уште 100 се повредени. Тие велат бројот на смртни случаи би можел да се зголеми
#Afganistan’ın kuzeybatısında bulunan Bağlan vilayetinde şiddetli yağışlar nedeniyle meydana gelen sel felaketinde, 5 yerleşim yeri sular altında kaldı.
⚫️ İlk belirlemelere göre en az 33 can kaybı yaşanırken, 60 kişi yaralandı. pic.twitter.com/5gNEJKW2BK
— Afroasya Today (@afroasyatoday) May 10, 2024
Официјални лица во соседната провинција Тахару објавија повеќе од 20 смртни случаи, додека провинцијата Бадакшан потврди две смртни случаја и две исчезнати лица. Поплавите предизвикаа уништување на имотот и земјоделството во сите погодени подрачја.
Авганистанското Министерство за здравство во соопштение потврди дека телата на жртвите се пренесени во регионалните болници, но ги нагласи постојаните напори за утврдување на точниот број на загинати, бидејќи размерите на човечките загуби остануваат нејасни.
#Afganistan’ın kuzeybatısında bulunan Bağlan vilayetinde şiddetli yağışlar nedeniyle meydana gelen sel felaketinde, 5 yerleşim yeri sular altında kaldı.
⭕️ İlk belirlemelere göre en az 33 can kaybı yaşanırken, 60 kişi yaralandı. pic.twitter.com/t2y17oJXUj
— Yalta Post (@yaltapost) May 10, 2024
Спасувањето е отежнато поради непристапноста на погодените подрачја. Испраќањето на копнени спасувачки тимови се покажа неуспешно, што го натера авганистанското Министерство за одбрана да распореди хеликоптери за операции за пребарување и спасување, како и за транспорт на потенцијални настрадани.
Жителите на Баглан ги окарактеризираа поплавите како поголеми од сите претходни.
#خشم طبیعت
سیلاب منطقه فلول ولسوالی برکه ولایت بغلان#Afganistan pic.twitter.com/9WdvKlQpBO— Aisha sharifi (@AishaSharifi) May 11, 2024
Авганистан веќе некое време постојано е зафатен од поплави. На почетокот на неделата имаше загинати и разурнувања во делови од земјата по обилните врнежи. Најмалку 70 луѓе ги загубија животите во поплавите минатиот месец.
Експертите за ова ја обвинуваат климатската криза. По децении војни и конфликти, земјата едвај има средства да ги ублажи ефектите од климатските промени.
Г. Т.