Норвешкиот тенисер Каспер Руд денес се пласираше во полуфиналето на завршниот турнир во Торино откако го победи петтиот тенисер во светот Андреј Рубљев со 6:2, 5:7 и 7:6.

Осмиот играч во светот победи после два часа и 23 минути игра. Рубљев во првиот сет и поведе во мечот. Добро го започна и вториот сет, направи брејк со 2:1, а Руд веднаш во наредниот гем го врати брејкот и изедначи. Потоа освојуваа гемови на свои сервиси до 12. кога Норвежанецот повторно направи брејк и изедначи во мечот.

Двајцата во третиот сет направија по еден брејк и се играше тај-брејк кој Руд го доби со 7.5 и првпат во кариерата ќе игра полуфинале на завршниот турнир.

Во сабота тој ќе игра против рускиот тенисер Данил Медведев. Во второто полуфинале играат Ѓоковиќ и Александар Зверев.