Барселона ја заврши приказната со холандскиот стратег Роналд Куман и сега е во потрага по нов тренер, човек кој ќе може да ја врати енергијата, динамиката и победничкиот менталитет.

Сите информации говорат дека тоа ќе биде легендата на клубот Чави Ернандез кој во моментов го предводи Ал Сад, меѓутоа не се очекува клубот од Катар да му прави проблеми, односно ќе му дозволи да се врати дома со тоа што овојпат ќе има сосема поинаква улога.

И додека се чека на некоја официјална информација Санти Касорла кој добро го познава Чави и под чие водство сега игра во Ал Сад се обиде да објасни, посочи што може да се очекува од човекот кој се очекува да го заземе испразнетото место на „Камп Ноу“.

-Секако, Чави е подготвен да ја тренира Барса. Некои луѓе добро го познаваат клубот и знаат што тој сака. Има јасна претстава за фудбалот. Тој ја сака топката и да биде протагонист. Тој ќе го направи тоа во кој било тим во светот што ќе го тренира. Тоа е она што и треба на Барса, да се врати на својот стил.

-Чави сака многу посед. Тој наизменично менува меѓу 4-3-3 и 3-4-3. Чави секогаш сака се повеќе и повеќе посед. Без топка многу стискаме во блокот. Тој има идеја од добрите години во Барса, кога притискаа многу високо, -вели Санти.