Селекторот на фудбалската репрезентација на Ерменија Хоакин Капарос зборуваше на прес-конференцијата во пресрет на дуелот од претпоследното коло во квалификациите за Светското првенство против Македонија.

„Го знаеме ривалот многу добро, а и тие не познаваат. Македонија има добар тим против кој сме играле многу пати. Ќе се обидеме да се надигруваме со нив. Секако, ќе биде тешко да се дојде до билет за СП, но сè додека има шанси, ние ќе се бориме. Недостатокот на редовни минути на репрезентативците во клубовите не смее да влијае врз нашата игра. Михтаријан нема недостаток на тренинзи, а интензитот на истите е многу висок, не е ослабен и е во одлична кондиција. Барсегјан исто така играше натпревари сезонава. Беше принуден да одмора и тоа е добро за неговата спремност. Белекјан и Селарјан немаат проблеми исто така“, кажа Капарос.