Ликот на Свети Никола, познат по долгиот црвен капут и белата брада, кој во христијанската култура се смета за човек кој разнесува подароци на санка влечена од ирваси, во многу земји послужил како пример за Дедо Мраз.

Според легендата, Свети Никола бил бискуп познат по својата великодушност и љубов кон децата.

Една од распространетите приказни зборува за неговата великодушност.

Еднаш на некој сиромашен човек Свети Никола му фрлил цела вреќа со богатство што требало да му послужи како мираз за неговата ќерка, која требала да биде продадена како робинка.

Сиромашниот човек златото го криел во своите чизми, кои се сушеле покрај печката. Затоа денес децата ги оставаат своите чизми покрај вратата или под елката, за Свети Никола да им остави некаков подарок.