Овогодинешниот македонски претставник на Македонија, Андреа Коевска гостува денеска во емисијата „Urban Late Morning“ на ТВ21.

Коевска вели дека и е многу мило што токму таа победила, иако конкуренцијата била тешка, и е спремна за овој предизвик.

Но, каква приказна крие токму оваа евровизиска песна?

Песната, како што вели Андреа, е напишана пред да почне пандемијата на ковид-19 и не била воопшто наменета за Евровизија, со оглед на тоа дека тие напишале нова за тоа.

„Кога ги споредивме песните сфативме дека „Circles“ е можеби најпаметната песна за јас да се претставам пред македонската публика, сега за среќа и на евровизиската сцена“, додава Андреа.

Андреа вели дека во тој период поминувала низ тежок период и токму затоа има толку емоции во оваа песна.

Во продолжение дел од емисијата: