Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен и актуелниот шампион во Италија, Интер, се разделија во взаемен договор кој го постигнаа деновиве.

Тоа Интер денеска го потврди на нивната официјална страна, а сето ова беше предизвикано од правилата во Серија А, кои налагаат дека фудбалери со вграден дефибрилатор, нема да може да настапуваат во нивното првенство.

Извор близок до клубот тврди дека Ериксен на заминување од клубот им порачал дека многу ќе му недостигаат сите од италијанскиот клуб и дека неговата одисеја во Италија не завршила како што тој посакувал.

Ериксен имаше валиден договор со Интер до 2024 година, но поради настанатата ситуација, двете страни направија договор и Ериксен ќе добие нешто како бонус од Интер по заминувањето.