Голема промена на Инстаграм!

Експертот за социјални мрежи, Мет Навара, на својот профил на Твитер објави дека Инстаграм воведува голема промена во врска со приказните- „stories“.

Според Навара, Инстаграм воведува ново времетраење на „Instagram Stories“, па тие сега ќе траат до 60 секунди, а подолгите „Stories“ веќе нема да мора да се делат на сегменти.

„Инстаграм воведува приказни од 60 секунди“, објави Наваро на Твитер, а објавата брзо почна да се шири на социјалните мрежи.

Иако промената сигурно ќе ги воодушеви креаторите на дигитални содржини, многумина веќе ја мразат.

-„Боже, едвај ги издржав тие 15 секунди“, „Се надевам дека ќе има опција за забрзување“, „Не, ова е предолго, можеби триесет секунди би биле идеални“, напишаа твитерџиите.