Илон Маск, најбогатиот човек на светот и неговите компании Tesla и SpaceX се тужени за 258 милијарди долари поради тврдењата дека тој бил вклучен во шема за криптовалути наречена доџкоин, која ја надува цената на монетата и ги остави инвеститорите со загуби од милијарди долари.

Advertisements

Тужбата за колективна акција, Џонсон против Маск, 22-cv-05037, го обвинува Маск за водење на криптопирамидална шема – позната и како Понзи шема – користејќи ја криптовалутата dogecoin, чијшто страстен поддржувач уште од 2019 година е Илон Маск.

„Тоа не е поткрепено со злато, или друг благороден метал, или воопшто ништо. Не можете да го јадете, да го одгледувате или да го носите. Dogecoin не генерира готовински тек.

Не плаќа камата или дивиденда. Нема единствена корист во споредба со другите криптовалути. Не е дел од нов интернет или метаверс. Тоа не е засновано или врзано за нешто вредно“, се вели во воведот на случајот.

Според Блумберг, Кит Џонсон претставува група поединци кои изгубиле пари во тргување со доџкоин од април 2019 година.

Тој бара отштета од 86 милијарди долари, плус дополнителни 172 милијарди долари отштета, како и налог за забрана на Маск и неговите фирми да промовираат доџкоин и изјава дека трговијата со доџкоин и неговата промоција се подведуваат под коцкање според законите на САД и државата Њујорк. Вкупното побарување за отштета изнесува 258 милијарди долари.

Во тужбата се наведува дека „откако Илон Маск и неговите корпорации SpaceX и Tesla почнаа да купуваат, развиваат, промовираат, поддржуваат и работат со доџкоин од 2019 година, тужителот и класата изгубиле приближно 86 милијарди долари во оваа криптопирамидна шема. ”

И покрај тоа што тужбата може да изгледа дека нема реален основ, евидентно е дека угледот на Маск се влошува. Тој неодамна беше обвинет за сексуално вознемирување минатиот месец, а вработените во SpaceX испратија отворено писмо до највисокото раководство на компанијата во четвртокот наутро, повикувајќи дека „SpaceX мора веднаш и отворено да се разведе од личниот бренд на Илон“.