„Денес добив разузнавачки извештаи од Главната разузнавачка управа и од Службата за надворешно разузнавање во кои се детализирани можностите и заканите со кои се соочува Украина. Гледаме дека чекорите се планираат во Москва, и ќе одговориме соодветно – строго колку што е потребно за доброто на Украина’, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски во редовното видео обраќање.
Today I received intelligence reports from the Main Intelligence Directorate and the Foreign Intelligence Service detailing both the opportunities and threats facing Ukraine. We see the steps being planned in Moscow, and we will respond accordingly — as tough as needed for the… pic.twitter.com/HJr2YbPLDK
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 10, 2024
„За оние ширум светот кои сè уште размислуваат да му помогнат на Путин: ќе сториме сè не само за да ги заштитиме нашата држава и народ, туку и да го обединиме светот во давање силни одговори на секој обид за разгорување или продолжување на оваа војна. Наш апсолутен приоритет е праведен мир. За секој потег на проектили, беспилотни летала и непријатели, за секој обид да се одвлече оваа војна или да се направи уште побрутална, неизбежно ќе има глобален одговор. Ќе го обезбедиме неопходното единство на светот – без разлика колку е тоа тешко“, додаде Зеленски.