Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, е сменет од функцијата, откако некои негови сопартијци се побунија против него. Мекарти, републиканец, се соочи со обид за импичмент кој го покрена сојузникот на Доналд Трамп, Мет Гејц, само неколку месеци откако ја обезбеди позицијата по 15 круга гласање.
Тоа е првпат во историјата на земјата членовите на Претставничкиот дом да го разрешат претседателот.
„Ако избројав колку пати некој сакаше да ме нокаутира, одамна ќе заминев“, им рекол Мекарти на своите сопартијци зад затворени врати, пренесува Скај њуз.
Неколку републиканци најавија дека ќе го поддржат Мекарти по напуштањето на состанокот. Тие дури тврдеа дека Мекарти добил овации од присутните за време на состанокот. Републиканскиот бунт следеше откако поранешниот калифорнискиот бизнисмен (58) овој викенд предизвика бес кај конзервативците кога ја усвои привремената мерка за финансирање поддржана од Белата куќа за да се избегне блокада на владата.
Гејц го нарече Мекарти „суштество од мочуриште“.
„Тој дојде на власт со собирање пари од камати и прераспределба на тие пари во замена за услуги. Треба да избереме подобар спикер“, изјави тој.