Адриан Керими
Advertisements
За трагедијата во Бугарија известија сите светски медиуми. Веста за несреќата во која загинаа 45 лица од кои 12 деца се прошири насекаде, и покрај ограничениот пристап на медиумите до местото на настанот. Гардијан ја опиша несреќата како најголемата трагедија во Европа во изминатата деценија. Повикувајќи се на извори во бугарските медиуми, „Гардијан“ се повикува на очевидци, расветлувајќи ги причините за несреќата, за која велат дека се случила поради човечка грешка.
Си-Ен-Ен ја започнува приказната со бројот на малолетни жртви. „12 деца меѓу 46 жртви“ е истакнато во насловот на најголемиот светски медиум. Според нив, причините за несреќата се очекува да се дознае 6 месеци по деталната истрага, а како можни причини се наведуваат: човечки фактор и технички проблеми.
ABC NEWS ја опишува трагедијата како „автобус со трупови“. Осврнувајќи се на бројот на жртви и 12 деца, ABC NEWS објави дека пожарот во автобусот настанал како последица на експлозија од напред, односно под возачкото седиште.
Новинската агенција во Русија, RUPTLY покрај трагедијата, на несреќата и дава доза на дипломатија. Во нивниот текст се нагласува дека трагедијата од 23 ноември може позитивно да се одрази на затоплувањето на бугарско-македонските односи.
Новинската агенција во Франција, АФП, своевремено меѓу првите медиуми кои пристигнаа на местото на настанот заедно со бугарските, несреќата ја опиша како најголема трагедија во Европа во последните 10 години. Токму АФП ја соопшти веста врз основа на изјавата на бугарскиот експерт дека во автобусот имало големо количество гориво.
Медиумите во Турција објавија снимки од безбедносните камери кога туристите кои биле во автобусот на компанијата „Беса транс“ го напуштаат хотелот во кој престојувале. Многу медиуми испратија свои екипи во земјава известувајќи за семејствата на загинатите и за туристичката агенција./Alsat.mk