По воздушниот напад во кој загинаа седум хуманитарни работници, ниту еден од малкуте камиони со помош не пристапува во северниот дел од Газа, каде што жителите страдаат од глад, објави Би-Би-Си.
Три хуманитарни групи престанаа да транспортираат помош по неодамнешната рација.
„Производите на пазарот порано беа многу дефицитарни и скапи, а сега се речиси недостапни. Цената на килограм брашно се зголеми за 100% откако запреа камионите со помош. Минатата недела Го купив за 10 долари (8 фунти). Денес стана 20 долари, речиси не е достапен во повеќето продавници“, вели Осама Тавфик, жител на Газа.
Камионите со помош за северниот дел од Газа запреа по одлуката на Обединетите Арапски Емирати, кои го координираа нивното пристигнување со Израел, да ги прекинат хуманитарните операции по воздушниот напад врз хуманитарните работници.
По оваа ситуација се заканува влошување на кризата со глад, каде што жителите живеат во трагични, речиси гладни услови.
М. П.