Денеска на магистралниот пат Елбасан-Пеќин, Република Албанија, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загина 8-годишно дете, A. K. од Гостивар, државјанин на Република Северна Македонија, додека двајца сопатници, T. Б. и Р.К. се вон животна опасност и на лекување во локалната болница во Елбасан, информира Министерството за надворешни работи.
Амбасадата на Северна Македонија во Тирана е во комуникација со надлежните институции на Албанија и семејството на починатото дете и се ставени на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Албанија.